Ц. Звезда ја урна Валенсија и остана да сонува за место во ТОП 8

222

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Валенсија со 92:73 во натпреварот од 31. коло на Евролигата и останаа да „сонуваат“ за место во ТОП 8. Црвена звезда по вечерашната победа има биланс од 14 победи и 17 порази и е изедначена на 11. место со Валенсија и Армани Милано.

Најефикасен во победничкиот тим беше Филип Петрушев со 20, додека Огњен Добриќ постигна 16, а Кампацо постигна 15 поени со седум асистенции. Најдобар во гостинскиот тим беше Јона Радебо со 14 поени.

Претходно, екипата на Жалгирис на домашен терен славеше над Монако со 79:70 и ја прокнижи 16-тата победа сезонава со која исто така се доближи до 9. место и е на чекор до осумте места кои водат во следната  фаза. Монако останува четвртти со скор 20-11.

ПретходноКристијан Стелини, од тренер на тим на бегалци до в.д. менаџер на Тотенхем
Следно16-годишна Канаѓанка го собори светскиот рекорд на 400 метри слободно (ВИДЕО)