16-годишна Канаѓанка го собори светскиот рекорд на 400 метри слободно (ВИДЕО)

98

Младата 16-годишна канадска пливачка Самер Мекинтош е нова светска рекордерка на 400 метри слободно. Таа исплива најдоброто време на сите времиња на националните квалификации за Светското првенство одржани во Канада.

Новото најдобро време на оваа дисциплина е 3:56.08, со што младата Канаѓанка го подобри за 32 стотинки претходното најдобро време на Австралијката Ариарна Титмус. Затоа, овој рекорд на Мекинтош е поимпресивен бидејќи таа го подобри својот личен рекорд за повеќе од три секунди.

„Ова е сосема луд резултат. Во овој момент не очекував дека ќе можам да испливам светски рекорд, но тоа е и доказ дека се е можно. Целосно му се посветив на пливањето, но не можев да предвидам таков ненадеен скок во резултатот“, изјави Мекинтош, која е актуелна светска вицешампионка во оваа дисциплина.

ПретходноЦ. Звезда ја урна Валенсија и остана да сонува за место во ТОП 8
СледноОткако одбија да го примат Израел: ФИФА им ја одзема организацијата на СП У20