Во драма во пет сета, Шкендија славеше на гостувањето кај Борец

231

Во реприза на полуфиналето од купот, одбојкарите на Шкендија вечерва по голема борба успеаја да го совладаат Борец во Велес со 3:2 и да им се реваншираат за поразот на Ф4 турнирот од Купот на ОФМ. И двата тима покажаа дека во моментов имаат сериозни аспирации да играат во финалето на националниот плеј-оф, а вечерашното дерби од 9. коло во втората фаза е само најава за возбудливите пресметки кои не чекаат во одлучувачката рунда од разигрувањето. Победата значи дека Шкендија ќе го освои второрто место и ќе има предност повеќе на меч на домашен терен.

Шамионот Струмица без проблеми се враќа со максимален триумф од Тетово, додека Работнички беше сигурен во Пробиштип.

Прва лига (мажи), Втора фаза-1, (9.коло)

ГОК Борец – Шкендија      2:3 (21:25, 25:21, 27:29, 25:13, 9:15)

Весна Пробиштип – Работнички 71&22   0:3 (10:25, 17:25, 14:25)

Лирија – Струмица Никоб       0:3 (13:25, 14:25, 17:25)

Табела: Струмица Никоб 18-1, Шкендија 16-3, ГОК Борец 14-5, Работнички 10-9, Лирија 8-11, Весна Пробиштип 6-13.

ПретходноВисла Плоцк по подобро изведување на пенали во четвртфиналето на ЛШ
СледноДобри вести за Клоп: Луис Диаз е во полн тренажен процес, може да игра и против Сити