Добри вести за Клоп: Луис Диаз е во полн тренажен процес, може да игра и против Сити

94

Ѕвездата на Ливерпул, Луис Диаз, кој е надвор од терените од октомври, може да се врати во составот на Јирген Клоп веќе овој викенд. Напаѓачот заработи повреда на коленото за време на поразот на „црвените“ од Арсенал и оттогаш не е во тимот. Дијаз се врати на тренинзите за Ливерпул, а според последните вести, тој е во полна кондиција за да се врати на средбите од Премиер лигата.

Колумбиецот работеше со академијата и сега повторно се приклучил на првиот тим. Тој ќе очекува да се врати во тимот за преостанатите натпревари од сезоната, вклучително и на клучните натпревари против Манчестер Сити, Челзи и Арсенал.

ПретходноВо драма во пет сета, Шкендија славеше на гостувањето кај Борец
Следно“The Guardian” ја откри големата тајна на Абрамович