Елмас во посета на поранешниот клуб

2028

Македонскиот дијамант Елиф Елмас го искористи мини одморот да го посети својот поранешен клуб Работнички. Играчот на Наполи игра одлично во Италија, неговиот клуб е пред шампионска титула, а деновиве е во Скопје поради настапите за Македонија на двата натпревари, со Малта и Фарски Острови.

Елмас го искористи слободното време и присуствуваше на еден од тренинзите на Работнички, клубот во кој ја почна кариерата и кој го „лансираше“ на фудбалската мапа. Тој се поздрави со стручниот штаб, потоа малку се дружеше со фудбалерите за да им даде елан за поуспешни настапи во продолжение на шампионатот.

ПретходноРодри бесен: Начинот на игра на Шкотска е глупав, тоа не е фудбал
СледноИ Унгарија пресилна за фудбалерките до 17 години