Навивачите на Фенербахче и турските медиуми денеска јасно побараа од тренерот на истанбулскиот гигант Жорге Жезус да му даде шанса на македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски на престојното големо дерби со Бешикташ.
Според анализите во турските медиуми, Алиоски не смее да остане надвор од комбинација за престојното неделно дерби, затоа што Фенер на левата странична позиција остана без Линколн и Остерволде кои се повредија еден по друг.
31-годишниот Алиоски одигра 78 минути на натпреварот против Малта во кој Македонија славеше со 2-1, а беше и комплетен меч на терен за тест-дуелот со Фарските Острови. Притоа, Алиоски, на мечот со Малта беше играч со најмногу допири на топката (91) кај нашата селекција, отвори 4 прецизни додавања во поле, реализираше 3 длабински додавања, освои 4 топки и доби 6 од 12 дуели.