Во последниот меч од 6.коло во плеј-аутот, екипата на Вардар Неготино со 31:25 успеа да го победи составот на Јуниор. Ова беше и дерби на дното.
Гостоите подобро отворија со водство од 0:2, но сепак неготинци многу бргу ги сврета настаните во своја корист.
На полувреме се замина со резултат 15:13 за Вардар Неготино.
По водството на домашните од 26:20, гостите се вратија со три гола за 26:23, но сепак тоа беше се што можеа да сторат, на крај во последните секунди примија два наивна голови за конечни 31:25. Па така бодовите останаа во Неготино.