Бразилецот Нејмар во моментов е надвор од терените поради повреда на зглобот, но и покрај тоа одлично се забавува. Доказ за тоа се сцените од онлајн турнирот во покер каде за два часа загуби милион евра.
После ова тој глумеше дека му е жал и се правеше дека плаче додека ги снимаше неговите реакции.
Neymar muito truaisti após perder 1 MILHÃO DE EUROS!!! 🤣🤣🤣 pic.twitter.com/Oj5dDBtKL1
— Portal da Bola (@PortalDaBola_) March 29, 2023
За него еден милион евра не значи ништо. Во моментов Бразилецот вреди повеќе од 200 милиони евра, а само од бројни договори годишно инкасира речиси 80 милиони евра.
Нејмар има голема страст за коцкање. За ова зборуваше и тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, кој често го критикуваше неговиот начин на живот.