Фудбалерите на Валенсија од свој џеб ќе го платат патувањето на навивачите до Алмерија

242

Фудбалерите на Валенсија самите од свој џеб ќе им платат на навивачите автобуси за да патуваат на гостувањето кај Алмерија, на меч кој ќе се одигра на 9 април во рамките на 28. коло во шпанското првенство.

Минатата недела челниците на клубот најавија дека ќе платат автобуси за навивачите кои ќе го бодрат тимот на патот кон Алмерија. Веднаш потоа се купени речиси сите 500 билети достапни за гостински навивачи. Откако дознале за ова, играчите се обратиле до управата на клубот со барање тие лично да ги покријат трошоците за превоз на фановите.

Валенсија ги загуби сите шест првенствени натпревари на гости во 2023 година без да постигне ниту еден гол.

ПретходноИОК распали: Доста со двојни стандарди, што правиме со спортистите од други 70 вооружени конфликти!
СледноПоради сомнителен трансфер на фудбалер на Олимпија, Келн доби забрана за трансфери!