Јувентус ќе биде казнет со одземање на нови 25 бодови!

6055

Навистина Јувентус е во големи, големи проблеми. Откако поради финансиски малверзации тимот од Торино беше казнет со одземање на 15 бодови, набргу може да се случи Јуве да биде казнет со нови, дополнителни 25 бодови, па така вкупната казна да биде 40 бодови.

Дали оваа досегашна казна од – 15 бодови ќе остане на сила, ќе се знае на 19 април, за кога е закажано рочиште по жалбата на клубот, но новата казна е за сосема нешти друго.

Имено според медиумите во Италија, како Calcio Finanza, ако се докаже вина на Јуве во врска со измамите на платите на играчите и плаќањето на агентите, на новото судење, тогаш клубот ќе биде казнет со нови 25 бодови.

Во случај новиот процес да се оддолжи тогаш тие минус бодови ќе се сметаат за новата сезона.

ПретходноСнегот го откажа првото тестирање на Вуков
СледноВардар Неготино славеше против Јуниор КВ!