Го победи Лихтенштајн со 7:0, па денеска му врачија отказ

1726

Исландскиот фудбалски сојуз денеска му врачи отказ на селекторот Арнар Видарсон, откако Исланд на последниот меч славеше над Лихтенштајн со импресивни 7-0.

Денеска Исландскиот фудбалски сојуз објави дека ја прекинува соработката со Арнар Видарсон, кој го презеде кормилото од Ерик Хамрен во 2020 година. Исланд ги отвори квалификациите за Европското првенство со пораз од 0-3 во Босна, з апотоа да слави со 7-0 над Лихтенштајн.

„Секако дека ова е тешка одлука, но ја гледаме како неопходна и коректна имајќи го предвид националниот тим. Арнар има направено многу добри работи овде и заслужува пофалба за неговата работа. Сега ќе одиме директно да ја најдеме неговата замена пред јунските квалификациски дуели“, изјавила претседателката на Исландската федерација, Ванда Сигургеирсдотир.

ПретходноГОГ испиша историја: Елиминација на Алборг и четвртфинале со Барса
СледноУЕФА со голема казна за Ајнтрахт (Ф) поради навивачите на мечот со Наполи