Еден од најдобрите селектори во светот најави дека си оди!

245

Еден од најдобрите ракометни тренери во светот, Жорди Рибера во ексклузивно интервју за шпанските медиуми откри дека по Олимписките игри во 2024 година ќе ја напушти шпанската селекција со која освои медали во сите натпреварувања и ќе се посвети на работа со клуб.

Овој 59-годишник како селектор работи од 2004 година, оттогаш раководеше со Аргентина, Бразил и Шпанија. Во овој период само еднаш водеше клуб, од 2007 до 2011 година, како тренер на Адемар.

Со Шпанија има злато на ЕП 2018 и 2020, сребро на ЕП 2023 и бронза и на СП 2021 и на Олимписките игри во Токио. На претходното евро освои сребро со Шпанија, а сега реши да работи повторно со некој клуб.

„Мислам дека осум години се доволни на овој проект. На никого му немам ветено ништо, ќе размислам кога ќе дојде време. Тогаш ќе одлучам, но сега сум при крај на циклусот. Има одлични тренерите во Шпанија и некои од нив се подобри од мене“, изјави Рибера.

Тој ја презеде репрезентацијата на Шпанија во 2016 година кога овој тим беше во пад и успеа да ги подигне и да освои шест медали со нив за седум години. Сега до крајот на мандатот го чека првото Европско првенство во 2024 година, а потоа Олимписките игри во Париз. И на двете, Шпанците повторно ќе се обидат да дојдат од сенка до медал, како што тоа го правеа сите овие години со Рибера.

ФОТО:www.rfebm.com/hispanos

ПретходноПелистер без „Чкембари“ на трибините против Охрид!
СледноИсторија: За првпат во ПМФЛ ќе суди жена – судија, Пројковска “главна“ на мечот Шкендија – Победа!