Историја: За првпат во ПМФЛ ќе суди жена – судија, Пројковска “главна“ на мечот Шкендија – Победа!

1110

Ете, и тоа се случи. За првпат, како што е и трендот во светскиот фудбал, во нашата елитна лига главен судија ќе биде женско и тоа Ива Пројковска која за 25.коло во ПМФЛ е делегиран за делител на правдата на средбата меѓу Шкендија и Победа.

Се разбира дека овој потег на Судискaта комисија треба да се поздрави ако се знае дека Пројковска веќе редовно суди и мечеви во женската Лига на Шампиони.

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 25.КОЛО – НЕДЕЛА (15 Ч)

Струга ТЛ – А.Пандев: Јосип Бартон (Скопје)

Шкупи – Скопје: Стојанче Стојанов (Штип)

Шкендија – Победа: Ива Пројковска (Скопје)

Брегалница – Тиквеш: Александар Грујоски (Кичево)

САБОТА:

Македонија ЃП – Работнички: Александар Ставрев (Скопје)

ПретходноЕден од најдобрите селектори во светот најави дека си оди!
СледноМилан и Жиру се договорија