Милан и Жиру се договорија

125

Оливие Жиру се согласи да го продолжи договорот со Милан, откри новинарот Џанлука Ди Марцио. Договорот на Французинот ќе биде продолжен за уште една година. 

Решавачката средба меѓу раководството на Милан и претставниците на Жиру, Винченцо Морабито и Михаел Мануело се одржала вчера. Веднаш по неа стана јасно дека напаѓачот ќе продолжи да го носи тимот на Росонерите. 

Новиот договор на францускиот интернационалец ќе му донесе 3,8 милиони евра за една сезона. Официјалното потпишување се очекува да се случи пред четвртфиналето од Лигата на шампионите против Наполи на 12 април.

ПретходноИсторија: За првпат во ПМФЛ ќе суди жена – судија, Пројковска “главна“ на мечот Шкендија – Победа!
СледноПиоли: Освојувањето две титули во низа е тешко за секого