Нема повеќе пречки: Ѓоковиќ ќе игра на УС Опен, се чека потписот на Бајден!

282

Одлуката која Новак Ѓоковиќ ја чекаше е донесена и веќе нема никакви пречки да влезе на територијата на САД и таму да игра тенис. Американскиот Сенат гласаше за укинување на националната декларација за вонредна состојба предизвикана од пандемијата на коронавирус.

Се очекува актуелниот претседател Џо Бајден да ја одобри и потпише оваа одлука.

Вонредната состојба дефинитивно требаше да се укине во мај, па невакцинираните странци ќе можат без проблем да влезат во Америка.

Сето ова значи дека Новак Ѓоковиќ ќе може да настапи на летната американска турнеја, Мастерсот во Синсинати и УС Опен, кој е закажан од 28 август до 10 септември.

Поради овие мерки ПНовак моментално не игра на Мастерсот во Мајами, а не настапи ниту во Индијан Велс и го загуби лидерското место на АТП-листата.

ПретходноРеал се откажува од најголемиот трансфер во историјата поради Бензема!
СледноОфицијално: Кинезите се пофалија со Аријан Адеми! (ФОТО)