Пелистер без „Чкембари“ на трибините против Охрид!

1255

Денеска ќе се комплетира шестото коло во плеј-офот. По поразот во Скопје од Вардар 1961 на вечното дерби, Пелистер ќе бара рехабилитација против Охрид на домашен терен.

По немилите сцена во СЦ „Јане Сандански“ и оградувањето на раководството на битолчани од постапките на гостинските фанови, „Чкембари“ излегоа со соопштение во јавноста и им дадоа до знаење на ракометарите на Пелистер дека до крајот на сезоната нема да бидат на трибините.

Па за првпат после долго време битолскиот тим ќе одигра еден меч без поддршката од најверните фанови.

Пелистер е втор на табелата со скор од четири победи и еден пораз, додека пак Охрид е последен со само една победа и четири порази. Дуелот е закажан со почеток во 17:30 часот.

ПретходноОфицијално: Кинезите се пофалија со Аријан Адеми! (ФОТО)
СледноЕден од најдобрите селектори во светот најави дека си оди!