Пиоли: Освојувањето две титули во низа е тешко за секого

60

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли во опширна изјава за медиумите изјави дека неговиот тим има уште многу што да покаже и докаже сезонава, и дека му претстојат сериозни предизвици како во домашниот шампионат така и во Лигата на Шампионите.

„Мислам дека за секого е тешко да се освојат две титули во низа. Мислам дека многу тимови во Европа не освојуваат втора титула по ред. Станавме шампиони со многу млад состав благодарение на клупскиот проект и патот на кој се гордееме. Ние сме меѓу ретките клубови со одржлив проект. Ретко кој тим успева да победи повторно и да биде конкурентен во Европа. Сè уште не сме го направиле тој скок, но оваа година ни дава можност да разбереме важни работи, да се подобриме и да бидеме посилен клуб. Дефинитивно можете да ја почувствувате европската ДНК. Тоа е дел од историјата на тимот и патот што отсекогаш го следел. Почнуваме да ја пишуваме сопствената историја, онаа на Милан во Лигата на Шампионите се разликува од нашиот пат. Кога играте на Сан Сиро во Лигата на шампионите, тоа е возбудлива и спектакуларна работа што ги вклучува сите. Многу сме зафатени, но посветени сме и на првенството. За да биде оваа сезона позитивна, мора да играме во ЛШ и следната сезона. Треба да бидеме внимателни.

Да бидам искрен, повеќе би сакал да не се сретнам со италијански тим во ЛШ . Таму е подобро да се игра со странски тимови. Наполи е многу силен, но ние сакаме да се пробаме против нив. Во недела ќе играме со нив во Серија А, но тоа е друга работа. Ќе има уште два предизвици во ЛШ. Наполи е многу силен тим, има одлични играчи и имаат фантастична сезона, но ЛШ е ЛШ . Сите осум преостанати тимови се силни и ќе биде тешко за сите, но ќе има и голем поттик и мотив да се претстави добро. Кога летоска Наполи загуби неколку важни играчи и потпиша со двајца силни играчи кои не беа познати или ценети во Италија, тешко беше да се предвиди дека ќе играат вака. Потоа покажаа голема конзистентност, сила и квалитет, имајќи ги сите квалитети на голем тим, но никој не е совршен или непобедлив“, прокоментира Пиоли

ПретходноМилан и Жиру се договорија
СледноЖенската репрезентација на Македонија до 19 години домаќин на Уефа квалификациски турнир во Скопје