Иако посакува да остане во ПСЖ, сепак тоа тешко дека ќе се оствари, па затоа Серхио Рамос сега е трансферна цел на пребогатите клубови од С. Арабија. Имено како што пренесува шпански “АС“, некогашниот капитен на Реал Мадрид и шпанката репрезентација, добил понуда од Ал – Хилал која едноставно не се одбива, а таа изнесувала 100 милони евра нето за две години.
Останува да се види дали Рамос ќе тргне по стапките на Роналдо, кој за Ал Наср игра за 200 милиони евра годишно.