Реал се откажува од најголемиот трансфер во историјата поради Бензема!

966

Долго се зборуваше и пишуваше дека Реал Мадрид се подготвува за најголемиот трансфер во својата историја, Џад Белингам од Борусија Дортмунд  за 120 милиони евра. Но, сега доаѓа нова информација, раководството на „кралевите“ ќе се откаже од него а причината е Карим Бензема.За овој млад фудбалер имаа интерес Ливерпул и Манчестер сити. Тимот на Ливерпул веќе претходно се откажа, а сега истото го направи и Реал Мадрид.

Реал Мадрид оценил дека Борусија Дортмунд бара премногу за Белингам, а за многу помалку пари може да донесе напаѓач од светска класа. Причината за ваквиот потег е Карим Бензема. Тој полека ја завршува кариерата, па планот да се донесе напаѓач кој веднаш би бил корисен, а би бил и долгорочно решение.

Од друга страна, Борусија Дортмунд сака да ја задржи својата ѕвезда, па му подготвуваат договор со повисока плата, Белингем може да инкасира 15 милиони евра годишно доколку го продолжи договорот и ги одбие пристигнатите понуди.

Дополнително, заедно со оваа нова плата, клубот на англискиот играч за врска му понуди откупна клаузула од 150 милиони евра, па тоа би било вин-вин ситуација и за играчот и за клубот.

ПретходноОбјавени месечни плати во ПСЖ: Шестмина фудбалери заработуваат милиони!
СледноНема повеќе пречки: Ѓоковиќ ќе игра на УС Опен, се чека потписот на Бајден!