Бруно Фернандеш де Соуза, не оној Бруно од Јунајтед, туку некој си фудбалер од Бразил, деновиве потпишал како голман за некој си нисколигаш.
Тоа секако дека не е вест за која би се заинтересирале, но ако се знае дека тој во 2010 година беше поврзан со еден од најголемите скандали, кога ја убил својата девојка а потоа нејзиното безживотно тело го фрлил на кучиња со цел да го парчосаат, е тоа е нешто друго.
Имено овој Бруно Бразилецот, кој е и голман, во 2013 години беше осуден на 22 години затвор, но поради добро владеење деновиве по само 10 години е пуштен од затвор, слободен е како птица и веднаш потпишал за извесен клуб Орион, а самиот клуб дури и се пофалил дека го ангажирал.
Инаку самото убиство на својата девојка го направил поради фактот дека тој со нејзе имал дете, а Бруно не сакал да плаќа алиментиција. Убиството го признал, но не признал дека злоделото го направил пред својот син, кој наводно го следел грозоморниот чин.
Девојката во неколку наврати му се заканувала дека ќе го тужи, а тој потоа го сторил тоа што го сторил.