Т. Веспрем уште еднаш го „преслуша“ Пик Сегед и закажа четвртфинале со Келце

91

Ракометарите на Телеком Веспрем обезбедија четвртфинале во Лигата на шампионите откако вечерва и по вторпат беа подобри од ПИК Сегед во унгарската пресметка во осминафиналната фаза.

По првиот успех на гости од пред 7 дена со 13 голови разлика, Веспрем и вечерва ја потврди класата и вторпат славеше над своите лути домашни ривали, овој пат со 5 голови разлика за конечни, 38:33.

Пик Сегед на моменти одигра одлично и му создаде доста проблеми на домашниот тим пред преполните трибини во салата на Веспрем. Особено добар беше стартот на вториот дел кога гостите дојдоа и во краткотрајна предност од еден гол разлика. На крајот, сепак, се склопија коцките и Веспрем по вторпат славеше во меѓусебната пресметка и завери четвртфинале против екипата на Келце.

Вечерва најефикасен кај Веспрем беше Лауге со 9 гола, додека за ПИК Сегед блескаше Гарсиандиа со 10 погодоци.

ПретходноВардар Неготино славеше против Јуниор КВ!
СледноПонуда која не се одбива: Ал-Хилал му нуди на Рамос 100 милиони евра за две години!