Откако и дефинитивно е јасно дека фудбалската селекција на Бугарија убедливо е најслабиот балкански тим, а тоа го сфати и Србинот Младен Крстајиќ, оваа репрезентација останува без селектор. Имено Крстајиќ нема намера веќе да биде предводник на Бугарија и ќе си замине во Израел, каде најверојатно ќе биде стратег на Макаби Хаифа. Тој ќе го заземе местото на Барак Бахар кој по завршувањето на сезоната ќе дојде во Белград, на “Маракана“ и ќе биде нов тренер на Ц. Звезда.
Низ медиумите во Србија и Бугарија се шпекулира дека Крстајиќ едноставно не сакал и натаму да остане селектор по се она што го искажа по двата стартни порази во квалификациите за ЕВРО 2024.