Оливие Жиру се согласи да го продолжи договорот со Милан, откри новинарот Џанлука Ди Марцио. Договорот на Французинот ќе биде продолжен за уште една година.
Решавачката средба меѓу раководството на Милан и претставниците на Жиру, Винченцо Морабито и Михаел Мануело се одржала вчера. Веднаш по неа стана јасно дека напаѓачот ќе продолжи да го носи тимот на Росонерите.
Новиот договор на францускиот интернационалец ќе му донесе 3,8 милиони евра за една сезона. Официјалното потпишување се очекува да се случи пред четвртфиналето од Лигата на шампионите против Наполи на 12 април.