Сакраменто после 17 години ќе игра плеј-оф! Брутална блокда на Ембид – жртва Дончиќ (ВИДЕО)

232

Екипата на Сакраменто после 17 години ќе игра во НБА плеј-офот. До ова големо остварување дојде откако го совлада Портланд со убедливи 120-80.

„Кралевите“ сега имаат скор од 46 победи и 30 порази, што е доволно за потврда на својот билет во посакуваниот плеј-оф, каде последен пат играше во сезоната 2005/06.

Прв стрелец во редовите на Сакраменто беше Монк со 19, Фокс имаше 18, додека Ертер 17.

Џоел Ембид се врати на терените и тоа против Далас. Филаделфија славеше со 116:108, а Ембид постигна 25 поени и имаше девет скока. На другата страна Дончиќ запиша 24 поени, 10 скока и 8 асистенции. Во центарот на вниманието се најде „бананата“ која Ембид му ја сервираше на Дончиќ.

Резултати: Индијана – Милвоки 136:149, Бруклин – Хјустон 123:114, Њујорк – Мајами 101:92, Филаделфија – Далас 116:108, Чикаго – ЛА Лејкерс 110:121, Мемфис – ЛА Клиперс 132:141. Оклахома сити – Детроит 107:106, Сан Антонио – Јута 117:128, Феникс – Минесота 107:100, Портланд – Сакраменто 80:120.

Претходно“The Guardian” ја откри големата тајна на Абрамович
СледноНејмар за два часа загуби милион евра на покер (ВИДЕО)