Стратегот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне е убедливо најплатениот тренер во Европа, веројатно и во светот, кога фудбалот е во прашање. Тој според францускиот “ТИМ“, годишно е зема 34 милиони евра, икли речиси 12 милиони евра повеќе од Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер Сити. Како трет на оваа листа е Јирген Клоп од Ливерпул, кој е платен со 17,8 милиони евра.
Интересно, стратегот на Барселона Чави Ернандез, со годишната плата од “само“ 3,8 милиони евра е надвор од ТОП-10 платени тренери, се наоѓа на 12. место.
Во продолжение можете да ја погледнете листата со најплатените тренери и колкави се нивните годишни плати: