Фудбалерите на Валенсија самите од свој џеб ќе им платат на навивачите автобуси за да патуваат на гостувањето кај Алмерија, на меч кој ќе се одигра на 9 април во рамките на 28. коло во шпанското првенство.
Минатата недела челниците на клубот најавија дека ќе платат автобуси за навивачите кои ќе го бодрат тимот на патот кон Алмерија. Веднаш потоа се купени речиси сите 500 билети достапни за гостински навивачи. Откако дознале за ова, играчите се обратиле до управата на клубот со барање тие лично да ги покријат трошоците за превоз на фановите.
Валенсија ги загуби сите шест првенствени натпревари на гости во 2023 година без да постигне ниту еден гол.