Најдобриот НБА тим загуби со 41 разлика, Денвер без Јокиќ се распадна (ВИДЕО)

220

Кошаркарите на Милвоки Бакс, најдобриот тим во НБА според односот на победи-порази, доживеаја дебакл на домашен терен. Во дербито на Источната конференција, Бостон им одржа лекција, победи со дури 41 разлика (99:140).

Ова беше најтешкиот пораз во кариерата на Јанис Адетокумбо, кој постигна 24 поени, но му требаа 27 шута, од кои 11 погоди. На тој учинок додаде седум скока и две асистенции.

Кај гостите се истакнаа една од најдобрите двојки во лигата Тејтум и Браун. Тејтум постигна 40 поени и погоди неверојатни осум од десет шута за три поени. Браун беше нешто послаб, па со шут од 13/20 постигна 30 поени со по пет скока и асистенции.

Бакс се уште е водечки тим на Истокот со два натпревари предност пред Бостон. Со оглед на тоа што до крајот на регуларниот дел има пет натпревари, за очекување е шампионите од 2021 година да останат на чело на Истокот.

Во вториот натпревар на вечерта водечкиот тим на Западот Денвер Нагетс загуби од Њу Орлеанс Пеликанс со 88:107. Двократниот МВП на лигата, српскиот центар Никола Јокиќ не настапи за домашната екипа бидејќи има проблеми со листот.

Најдобар играч на натпреварот беше Брендон Инграм. Тој шутираше 13 од 22 од поле и имаше трипл-дабл учинок со 31 поен, 11 скока и 10 асистенции. Најдобар играч кај поразениот тим беше Џамал ​​Мареј со 24 поени, четири скока и седум асистенции.

Со оваа победа Пеликанс стигнаа до сооднос од 38 победи и порази и се израмнија со Лејкерс на табелата, па сега двата тима го држат осмото и деветото место на табелата.

Да потсетиме, многу е важно кој ќе биде осми, бидејќи тој тим ќе има уште една шанса да се пласира во плеј-офот на плеј-ин турнирот.

ПретходноУЕФА со голема казна за Ајнтрахт (Ф) поради навивачите на мечот со Наполи
СледноВо фудбалот ретко се случува, во ракометот никогаш: Погледнете ја најдобрата одбрана (ВИДЕО)