Со новиот тренер на Ц. Звезда во Белград доаѓаат и агенти на Мосад, ќе го чуваат 24/7!

1044

Како што пренесуваат медиумите во Србија, по завршувањето на оваа сезона Ц. Звезда ќе има нов тренер и тоа во името на Барак Бахар. Тренерот кој со Макаби Хаифа праваше чуда во фудбалска Европа во последните две години.

Речиси се да е готово, се знае дека Израелецот ќе биде и најплатениот тренер во историјата на српскиот фудбал со 750.000 евра годишна плата, плус 250.000 евра за неговите помошници, а тука не се сметаат бонусите.

Сепак поинтересно е тоа што со доаѓањето на Израелецот во Белград, со него ќе дојдат и двајца агенти на Мосад, тајната државна служба на државата Израел која ќе се грижи за безбедноста на својот државјанин и тоа 24/7, се додека е тој тренер на Ц. Звезда, односно се додека е надвор од границите на својата земја.

Ете, тоа е држава.

ПретходноПозната е првата „жртва“ на Тухел во Баерн Минхен, една од ѕвездите ќе мора да си оди!
СледноУбедлив триумф на ЦСКА на Рајковиќ на стартот на плеј-офот