Предмалку страшна вест ја погоди Фудбалската Федерација на Македонија, како и целокупниот спорстки свет кај нас. Ненадејно почина Горан Ѓошев, вработен токму во Фудбалската Федерација на Македонија, како медицинско лице и воедно задолжен за децата кои престојуваат во Академијата.
Човек кој деноноќно се грижеше за нив, и со години беше составен дел од нивниот млад живот. И татко и мајка во исто време, човек кој на своја одговорност имаше стотина млади фудбалери.
Како медицинско лице дел од многу генерации младински репрезентации изминатиот период сведок на многу успеси и победи.
Лесна ти земја Доки и навивај за Македонија и од оној свет…