Алкараз и Рибакина ги растажија Американците!

282

Шпанскиот тенисер Карлос Алакрас се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Мајами, откако по два сета со 6:4, 6:2 го совлада 10. светски играч Тејлор Фриц.

Тенисерот број еден во светот победи по еден час и 19 минути. Тој три пати му одзема сервис на Фриц, кој не успеа да направи ниту еден брејк. Младиот Шпанец сега има 18 победи и пораз во 2023 година.

Шпанецот во полуфиналето ќе игра против Италијанецот Јаник Синер. Во второто полуфинале ќе играат руските тенисери Данил Медведев и Карен Хачанов.

Во женска конкуренција во финалето се пласираше Казахстанката Елена Рибакина која ја совлада третопласираната тенисерка во светот Американката Џесика Пегула со 7:6, 6:4.

Ова беше меч кој двапати беше прекинат поради дожд, седмата тенисерка во светот победи за еден час и 54 минути.

Таа во финалето ќе игра против победничката од мечот меѓу Петра Квитова од Чешка и Сорана Кирстеа од Романија.

ПретходноВо фудбалот ретко се случува, во ракометот никогаш: Погледнете ја најдобрата одбрана (ВИДЕО)
СледноЛа Лига оди чекор напред – поставува монитори на клупите за три намени!