Денеска со свечен чин во просториите на Македонскиот Олимписки Комитет, на првиот фудбалски селектор на репрезентацијата на Македонија, Андон Дончевски му беше врачена наградата, “Спортски великан на Македонија”.
Истата е доделена во име на Сојузот на спортски новинари на Југоисточна Европа, а му ја врачи почесниот претседател на МОК, г-динот Васил Тупурковски.
Претседателот на МОК, Даниел Димевски исто така го прогласи Дончевски за почесен член на Македонскиот олимписки комитет.
