Борац загуби, на ред е МЗТ Скопје!

253

На три кола до крајот од регуларниот дел од сезоната во АБА лига, МЗТ Скопје има минимални шанси за да опстане во ова натпреварување.

Истите се едноставни. Борац треба да ги изгуби сите три натпревари, додека актуелниот македонски првак треба да победи.

Ова е единствената шанса да се избори за претпоследното место на табелата кое носи разигрување.

Борац денеска беше поразен, на гостувањето кај Сплит е совладан со 113-99.

На ред е МЗТ Скопје, вечерва на домашен терен треба да го победи Задар за да сонот за опстанок продолжи да живее, секое друго сценарио ќе значи дефинитивно преселба во АБА2 лига.
Мечот е закажан со почеток во 20 часот.

ПретходноОфицијално: Халанд потпиша нов договор со Најк, вреден 23 милиони евра годишно! (ВИДЕО)
СледноПозната е првата „жртва“ на Тухел во Баерн Минхен, една од ѕвездите ќе мора да си оди!