Екипата на Бохум му го отежна патот на Ајнтрахт до европските купови откако вечерва му откина бод и тоа во Франкфурт. Резултатот е 1:1. Мечот беше прв од 26.коло, а Ајнтрахт не ја оправда фаворитската улога. Гостите дојдоа во претност во 14. минута со голот на Асано, а изедначи Коло Муани од пенал во 22 минута.
Имаа двете екипи шанси до крајот, во 71 минута играчот на Бохум, Кевин Штогер од слободен удар за малку ќе завршеше во голот.
Ајнтрахт во две ситуации се бунеше барајќи пенал, прво во 58 минута, а потоа во 83 минута. Првиот поради прекршок, но тогаш судијата одмавна со рацете ниту реагираа од ВАР собата, а во втората ситуација арбитарот проверуваше снимка за евентуална игра со рака на противнички играч, но оцени дека немало елементи за најстрога казна.
Ајнтрахт е шести на табелата со 41 бод, четири помалку од петтиот РБ Лајпциг кој има меч помалку. Бохум е на 14. место.