Веќе неколку месеци Кристијано Роналдо заедно со своето семејство престојува во С. Арабија, во Ријад. Се знае и зошто, Роналдо сега настапува за Ал Наср и тоа за 200 милиони евра по сезона.
Се чини дека семејството Роналдо во Ријад живее како во бајките, но сепак не е се идеално како што некој мисли.
Имено децата на Роналдо и неговата вереница, Џорџина, постојано биле малтретирани, па дури и тепани од своите другарчиња во училиште.
Тоа го потврди и самата Џорџина деновиве во едно свое интервју:
“Навистина постојат моменти во училиште кога деца како деца ќе се степаат, ќе се удрат. Проблемот е во тоа што моите деца не се бранат. Па така пред некој дете дојде од учлиште и почна да плаче, ми се жалеше дека било удрено од друго дете. Кога го прашав зошто не се браниш, едноставно не ми одговори ништо“ рече покрај другото Џорџина.