Комесарот за натпреварување Александар Милојевиќ ги изрече казните за тепачите во Третата кошаркарска лига. За потсетување на дуелот меѓу Мега Баскет и Тетекс настана тепачка меѓу играчите, летаа боксови, на голема среќа ситуацијата за кратко време беше ставена под контрола.
За овој инцидент Тетекс ќе треба да плати 94.000 денари, додека пак Мега 89.000 денари.
Покрај ова дел од главните причинители заработија суспензии поточно забрана за настап, како и дел од службените лица.
Казни има и за судиите Димоски и Гавриловски и делегатот Ников, сите се суспендирани на по четири натпревари, сметајќи ги сите рангови на натпреварување.