Ла Лига оди чекор напред – поставува монитори на клупите за три намени!

198

Ла Лига најави воведување на нов видео систем за секој тим што ќе се натпреварува во неа. По уредот на гол-линијата, ВАР и полуавтоматскиот систем за препознавање офсајд на ФИФА, во тренерскиот дел на клупата ќе бидат поставени монитори за три намени.

Тимовите ќе можат да ги прегледаат инцидентите, како на пример во случај на повреди на играчи, кога ќе можат веднаш да го дијагностицираат проблемот и да видат како и каде се случил. Дополнително, ќе може да се користи за тактичка анализа во текот на самиот натпревар и за прегледување на судиските одлуки.

Новиот систем се очекува да го користат видео аналитичарите на клупата, кои собраните информации ќе ги стават на располагање на главниот тренер за да му помогнат да донесува одлуки.

ПретходноАлкараз и Рибакина ги растажија Американците!
СледноБекер: Бев опкружен со убијци, силувачи…постојано мора да гледаше преку рамо!