Еден од најоспоруваните фудбалери на тимот на Манчестер Јунајтед годиниве, бекот Лук Шо, се согласи да потпише нов четиригодишен договор со тимот од Олд Трафорд.
Англискиот репрезентативец е стандарден со години во тимот, и покрај огромниот број критики упатени на негова адреса за игрите и формата. Сепак, целиот тим на Јунајтед со години се мачи на играчки и резултатски план, па секако дека тоа не било само вина на Лук Шо.
Напротив, искусниот дефанзивец добива награда за напорот даден во дресот на Јунајтед и тој уште долго ќе биде дел од клубот од Олд Трафорд.