Она што се најавуваше со недели наназад, од денеска е и официјално. Тоа денеска на социјалните мрежи го потврдија и челниците на Најк, познатиот спортски бренд од САД.
Ерлинг Халанд и Најк потпишале нов договор за кој Норвежанецот и напаѓач на Сити, ќе зема по 23 милиони евра годишно, тука јасно не ги сметаме парите од Сити или од другите спонзорски договори.
Па така сега тој останува во друштво на Роналдо и Мбапе во тимот на Најк, како што и беше досега ако се знае дека ова е нов договор зошто стариот му истече.
Адидас и Пума едноставно немаа шанси во битката со Најк, за потписот на Халанд.
A new era of #9.@erlinghaaland is a Force Of Nature.
Are you ready?#nikefc pic.twitter.com/7UZrG0dngq— Nike Football (@nikefootball) March 31, 2023