Партизан урна уште еден гигант – на свој терен го „растури“ Реал

284

Кошаркарите на Партизан го совладаа Реал Мадрид со 104-90 и направија уште еден голем чекор кон Фајнал фор на Евролигата. Пред преполната Арена белградскиот тим го победи кралскиот клуб во меч во кој одиграа две фантастични четвртини, втората и последната со што не му оставија простор на противникот да се врати.
Инаку Реал водеше по првата четвртина, но Партизан е моќен на домашен терен сезонава. Направи пресврт и солидна разлика која ја одржуваше до крај. Најефикасен на мечот беше босанскиот интернационалец во Реал, Џенан Муса со 22 поени, го следеа соиграчите Дек и Хезоња со по 17 поени.
Кај Партизан листата на стрелци ја предводеа Лесор и Пунтер со по 16 поени.
Следен меч на Партизан е против Монако на 7 април во гости.

Овој пораз на Реал го искористи Олимпијакос кој се зацврсти на чело на табелата, а тимот од Пиреја вечерва славеше во грчкото дерби со Панатинаикос со 81-73.
Монако славеше во Минхен против Баерн со 84-81, а Жалгирис на свој терен ја победи Валенсија со 95-74.
Басконија го разнесе Фенербахче со 83-69 на крилата на Вања Маринковиќ кој постигна 35 поени.

Црвена Звезда го победи Лион на гостински терен со 76-60 меѓутоа нема шанси да заврши во топ 8. Звезда го сврте резултатот по подобрата игра во третата и последната четвртина од мечот.

ПретходноБохум му откина бод на Ајнтрахт (видео)
СледноМарокански фудбалер со 200 км на час, го проби ѕидот и влезе во сала