По малку неочекувано, ако се знае дека ништо не се промени во однос на војната во Украина и агресијата на Русија врз таа земја, сепак организаторите на Вимблдон, најпознатиот тениски турнир во светот, донесе одлука.
А таа вели дека тенисерите од Русија и Белорусија ќе можат да играат на Вимблдон како неутрални и тоа од оваа година, ако се знае дека минатата не можеа.
Сепак има услови кој секој тенисер од оваа земја ќе мора да ги исполни ако сака да настапува. Првиот е да не го поддржуваат режимот во Русија и Белорусија и да не бидат финансирани од фондови кои кои се директно управувани од властите на овие две земји.