Тома Георгиевски заминува во Милан

6597

Екстра трансфер на македонскиот младински репрезентативец Тома Георгиевски. Досегашниот играч на младинската школа на тимот на Њу Старс, во понеделник заминува во Милано, каде што по лекарските прегледи и неколкуте тренинзи ќе потпише стипендиски договор со италијаскиот гигант Милан.

По малку неверојатно, но Георгиевски кој настапува на позицијата класична десетка веќе неколку месеци е скаутиран од страна на службата на Милан, која преку свои скаути неколку пати периодов пристигна во Скопје, и во живо го следеше У16 македонскиот младински репрезентативец.

Голем момент во целиот овој процес е фактот што Георгиевски поседува француски пасош со оглед на фактот што е роден во таа земја па неговата регистрација, како ЕУ играч нема да биде никаков проблем.

Ова е прв ваков трансфер на еден младински фудбалер во еден италијански гигант уште од времето на Горан Пандев и Ацо Стојков, кои своевремено му пристапија на Интер, а потоа направија големи кариери, пред се нашиот „вечен“ капитен Гранде Горан Пандев.

ПретходноЧави: Сега не е време да се зборува за враќање на Меси, но Барселона е клубот на неговиот живот
СледноТенисерите од Русија и Белорусија ќе можат да играат на Вимблдон!