Убедлив триумф на ЦСКА на Рајковиќ на стартот на плеј-офот

69

Емил Рајковиќ и ЦСКА Москва фуриозно го почнаа плеј-офот од ВТБ лигата, со победа од 103-68 на премиерниот четвртфинален меч од серијата против Саратов. Московскиот тим уште по првите десет минути имаат предност од 30-20, на одмор замина со 52-33 и беше јасно кој ќе победи, остана прашањето со колкава разлика.
На крајот момците на Рајковиќ славеа со +35 поени разлика. Најефикасен во победничкиот тим беше Милутинов со 16 поени, а го следеа Руженцев со 13 и Астапкович со 12.
Следниот меч меѓу овие два ривали е закажан за 2 април исто така во Москва.

ПретходноСо новиот тренер на Ц. Звезда во Белград доаѓаат и агенти на Мосад, ќе го чуваат 24/7!
Следно„Фемили“ со опомена: Цела сезона ужасна и тешка, 40. минути од грешка во грешка (ФОТО)