Бекер: Бев опкружен со убијци, силувачи…постојано мора да гледаше преку рамо!

337

Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ и шесткратниот грен слем шампион Борис Бекер имаше големи проблеми со законот, па заврши зад решетки. Минатиот април Германецот беше осуден на две и пол години затвор, откако беше прогласен за виновен по четири точки од обвинението за финансиска измама.

Бекер беше во затворот Вандсворт, па префрлен во Хантеркомб на 70 км до Лондон, каде што ја помина најголемиот дел од казната.

Таму, Бекер, кој помина осум месеци во затворска ќелија, доживеа некои непријатности што уште повеќе му го отежнаа затворскиот живот. Во телевизиското гостување накратко проговори за тоа.

„Како што реков, она што се случува во затвор останува во затвор, тоа е друг свет. Можете само да го споделите со други затвореници затоа што некој од надворешниот свет не би верувал. Опасно е, секогаш треба да гледаш преку рамо, не знаеш кој е во соседната ќелија“, вели Бекер.

Подоцна изјави и дека не му пречело да ги дели просториите со луѓето таму.

„Уште еден тежок момент беше тоа што бев опкружен со убијци, силувачи, дилери на дрога и шверцери на луѓе. Сите ние сме затвореници и сите делиме иста менза, па се обидов да се справам со тоа“, продолжи Германецот.

ПретходноЛа Лига оди чекор напред – поставува монитори на клупите за три намени!
Следно„Сити Парк Бојс“ со порака пред Општина Центар: Пинокио, те чекаме во новата сала!