На три кола до крајот од регуларниот дел од сезоната во АБА лига, МЗТ Скопје има минимални шанси за да опстане во ова натпреварување.
Истите се едноставни. Борац треба да ги изгуби сите три натпревари, додека актуелниот македонски првак треба да победи.
Ова е единствената шанса да се избори за претпоследното место на табелата кое носи разигрување.
Борац денеска беше поразен, на гостувањето кај Сплит е совладан со 113-99.
На ред е МЗТ Скопје, вечерва на домашен терен треба да го победи Задар за да сонот за опстанок продолжи да живее, секое друго сценарио ќе значи дефинитивно преселба во АБА2 лига.
Мечот е закажан со почеток во 20 часот.