Веспрем и покрај сите привилегии кои ги има во СЕХА-лига, на крајот покажа еден вид непочитување. Додека во Вардар 1961 се радуваа дека во четвртфиналето во СЕХА-лига го одбегнаа унгарскиот тим, раководството на клубот донесе неверојатна одлука.
На дуелот против Партизан закажан за 5. април во Белград, Веспрем ќе допатува со младинци, поточно со тимот до 21 година.
Во таборот на унгарскиот тим имаат поважни приоритети од СЕХА-лига.
„Раководството на клубот донесе одлука тимот до 21 година да биде во четврт-финалето на СЕХА лигата. Младите целосно ја заслужуваат оваа можност, бидејќи се непоразени од ноември 2022 година и ја извојуваа десеттата последователна победа против во претходното коло. Благодарение на извонредната серија моментално се на третото место со само два бода помалку од лидерот на листата. Во двете четвртфинални недели, сениорскиот тим го очекуваат важни натпревари, прво во Купот на Унгарија, а потоа ќе отпатуваат во Сегед на првенствен натпревар“, се вели во соопштението на клубот.