Лука Модриќ се уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид. Капитенот на хрватската репрезентација има договор до крајот на сезоната, а Реал доцни со нов договор.
„Добриот однос кој отсекогаш постоел меѓу Реал и Лука Модриќ почнува да се влошува. Причината за оддалеченоста е што клубот кој не му понуди нов договор, не ни започна разговори за продолжување на соработката.
Хрватот е лут на клубот затоа што никој не му се јавил на два месеци пред крајот на сезоната да разговараат за нов договор. Модриќ е вознемирен бидејќи за разлика од Бензема, Крос, Начо или Асенси, со него воопшто не се разговарало“, пишува Каталонски Спорт.
Каталонците наведуваат и дека Реал има причина да му се лути на Модриќ.
“Во Мадрид се бесни бидејќи 37-годишниот Хрват одигра 180 минути за репрезентацијата за само три дена и тоа пред возбудливиот крај на сезоната што го очекува Реал. Доколку не ја напушти репрезентацијата , Модриќ нема да добие нов договор“, вели Спорт.
Неодамна Модриќ изјави дека Реал не го условува да игра за репрезентацијата. Во последно време се почесто се поврзува со преселба во Саудиска Арабија, поточно Ал Наср, каде што игра неговиот поранешен соиграч Кристијано Роналдо. Португалецот таму заработува околу 200 милиони евра годишно, а огромната сума на пари би можела да го насочи Модриќ во истиот правец.
Капитенот на хрватската репрезентација е во Реал од 2012 година.