Марокански фудбалер со 200 км на час, го проби ѕидот и влезе во сала

260

Мароканскиот фудбалер Софијан Кијин, кој е играч на Леувен во белгиската Про Лига е префрлен во болница откако претрпел бројни повреди во страшна сообраќајна несреќа во градот Лиеж, Белгија. Кијин изгубил контрола врз своето возило, излетал од патот и удрил во ѕид од сала по што ја пробил и влегол на паркетот.
За среќе белгискиот фудбалер не е во животно загрозувачка состојба, а и никој во инцидентот не е повреден.
Според информациите од Белгија, фудбалерот управувал со своето возило со брзина од 200 километри на час пред да излета од патот.

ПретходноПартизан урна уште еден гигант – на свој терен го „растури“ Реал
СледноАлкараз е елиминиран: Ѓоковиќ се враќа на тронот, забраните за влез во САД не помагаат!