МЗТ Скопје и натаму го живее сонот дека би можел да опстане во АБА-лига. Го победи Задар на домашен терен по голема драма и сега останува до следното коло да се надева на пораз на Борац и победа против Сплит на гости.
Тренерот, Драган Николиќ на официјалната прес-конференција истакна дека тимот бил под голем притисок.
„Најважно е дека победивме на свој терен, од недела во недела оди тој ролеркостер, дека сме отпишани, па доаѓа враќање на отпишаните, па ставени сме под притисок живот или смрт, сега или некогаш, рај или крај. Мислам дека сум доволен критичар, свесен за тежината која ја носи тежината. МЗТ Скопје ќе има шанса да ја освои двојната круна. Имаме уште два меча. Минатиот пат паднавме под притисок вака отпишани играме подобро, ќе се обидам да го задржам мирот во сето ова до крајот на сезоната. Навивачите не се наши шестти играч, тие се нашиот најдобар играч“, изјави Николиќ.