Гостивар сигурен и убедлив пред своите, Еуро Никел падна во Младост

117

Гостивар запиша важна победа во трката за третото место на табелата во Првата лига.

Иако се очекуваше да биде дерби, сепак домаќинот не дозволи да биде така, со помош на своите навивачи го совлада еуро Никел со убедливи 85-65. До клучната предност, гостиварци дојдоа во последната четвртина која ја добија со 28-16.

И претходно Гостивар ја имаше контролата, но предноста не беше толку убедлива. На одморот водеше со 37-33, додека по завршување на третиот период позитива беше 57-49.

Корсантиа со 24 поени и 15 скока беше лидер, зад него беше Вучковиќ со 20 поени и 6 скока. На другата страна Планиниќ имаше 25 поени, Соколив беше реализатор на 20 поени.

ПретходноМитев изнесен на носилка (ВИДЕО)
СледноМЗТ Скопје А. без тренерот Николиќ на најважниот меч во Сплит?!