„Дер Класикер“: Блескаво деби на Тухел, Баерн си поигра со „милионерите“ (ВИДЕО)

208

Иако требаше да биде големо „Дер Класикер“ дерби, дуелот меѓу Баерн (М) и Борусија (Д) беше само лесна задача за актуелниот шампион на Германија. Баерн лесно ја доби Борусија до 4:2 во дебито на Томас Тухел на кормилото на томот.

Поранешниот предводник на Борусија (Д) тргна со ипресивни 3:0 за само 23 минути од стартот на мечот, кога веќе се беше јасно. Кошмарното прво полувреме за Борусија го најави голманот Грегор Кобел, кој прими необичен гол во 13. минута. Потоа во рок од десет минути Томас Милер постигна уште два гола во мрежата на несреќниот Кобел и веќе се беше готово.

На стартот на вториот дел Кингсли Коман зголеми и на 4:0, па до крајот додека баварците се обидуваа да го внесат мечот во сигурен финиш, гостите преку Џан од пенал и Мален во последната минута успеаја да дојдат до ублажување на поразот.

ПретходноШок за Челзи: Астон Вила го покори „Стемфорд Бриџ“ (ВИДЕО)
СледноБитолчани со цел плен од Скопје, Голден Арт влезе во ритам!